Потребна ви е помош?
+389 (0)78 429 865

За Нас

Драги потрошувачи,

Со најголемо задоволство  Ви ги претставуваме најквалитетните производи за Вашите бебиња и деца!

Основани сме во 1994 година, и оттогаш па до денес, го одбираме само најдоброто!

Либерта Бебе Центар е застапник за познатите европски брендови BEBETTO, KINDERKRAFT, BEXA, TAKO, JUNAMA, KUNERT, BELIS и FAKTUM.

Ланецот од петте ЛИБЕРТА маркети лоцирани во Неготино, Велес и Кавадарци ќе Ви овозможи квалитетно шопинг искуство, поддржано од нашите 25 специјално обучени вработени на кои сме особено горди. За Вашите потреби, комплетната понуда на ексклузивната бебе опрема и крупни играчки Ви е достапна и на нашата веб страна, преку која Ви овозможуваме 24 часовна корисничка поддршка.

Ви ветуваме дека никогаш не правиме компромиси со она што е најдобро за Вашите бебиња и деца. Безбедноста и квалитетот се нашите најголеми приоритети. Затоа, Ви ги нудиме нашите луксузни и докажани производи со уникатни карактеристики и дизајн.

Со задоволство Ве покануваме да бидете дел од приказната на нашата компанија.

Со почит, Ваш ЛИБЕРТА БЕБЕ ЦЕНТАР, Број 1 за убавите нешта.