Потребна ви е помош?
+389 (0)78 429 865

Bebetto Magnum (2 in 1) бел рам

24.980 ден.
32.000 ден.
  • Шифра:MAGNUM
  • Достапност:На залиха


или од 6 до 36 рати со   за нарачки над 1000 ден.


Ви го претставуваме моделот на бебешка количка Bebetto MAGNUM кој ни пристига од веќе добро познатата фабрика BEBETTO.
Долго време ги слушавме вашите предлози и сугестии, драги наши идни родители за да ги исполниме сите ваши очекувања!

Задоволство ни е што во нашата богата понуда на бебешки колички додаваме модел кој ќе ве остави без здив со својата едноставност и елеганција и сето тоа по супер прифатлива цена.
Исклучително лесна количката за бебе Bebetto MAGNUM е вистинскиот избор за оние на кои им е важен квалитетот и практичноста.

Bebetto MAGNUM доаѓа во сет 2 во 1 и е предвидена за користење од самото раѓање на детето до 3-3,5 години.
Голем избор на атрактивни дезени и две бои на рамот!

 

КОНСТРУКЦИЈАТА

Bebetto MAGNUM е модел на количка за бебе кој се одликува со елегантна силуета, лесен алуминиумски рам кој е со димензии кои ќе ви заштедат простор при складирањето. Едноставно и брзо склопување на количката со опција за вадење на сите 4 тркала со што дополнително заштедувате простор и време.

Дискретните амортизери на рамот од количката овозможуваат подесување на тврдината со што возењето на вашето бебе ќе биде прилагодено и удобно.
Централната кочница на двете задни тркала обезбедува стабилно мирување на рамот.
Предните тркала имаат опција за фиксирање доколку сакате при возењето да го задржете правецот и да спречите ротација на тркалата. Во предните тркала се вградени унапредени DMS и SAS системи чија функција е намалување на преносот на вибрации при возењето и штити од спонтана ротација на тркалата при допир со тлото. Иновативната формула за меморирање на правецот на движење ќе направи управувањето со Bebetto MAGNUM да биде вистинско задоволство.

Рачката за туркање на рамот од количката за бебе е изработена од квалитетна еко кожа и поседува опција за регулирање на висината.

Пространата отворена шопинг торба на рамот од количката обезбедува доволно простор за складирање како на бебешките така и на вашите предмети. Издржливата торба за мајката може да се монтира на рамот од количката или може да се носи самостојно на рамото.

 

КОРПАТА ЗА БЕБЕ

Пространата корпа за бебе од овој модел на бебешка количка поседува антиалергиски душек кој ја обезбедува целата неопходна удобност за вашето бебе.

Корпата поседува тенда со опција за прилагодување и додаток на зимската прекривка кој во потполност ќе го заштитат вашето бебе од ветерот. Може да послужи и како преносно креветче кое на рамна површина има опција за лулање.

Унапредениот систем за лесно подесување на наслонот внатре во корпата се наоѓа на страната од корпата со што додатно се олеснува пристапот.

Дното на корпата е обезбедено со висококвалитетна пластика, а мрежата за вентилација на тендата ќе обезбеди додатен проток на воздух. Истовремено ќе можете да го гледате бебето во секој момент.

 

СПОРТСКОТО СЕДИШТЕ

Овој модел на мултифункционална детска количка поседува широко спортско седиште кое е наменето за деца постари од 6 месеци па се до 3-3,5 години.

Спортското седиште може да се монтира на конструкцијата од количката за бебе во двата правци на движење.

Едноставна регулација на позицијата на наслонот од седечка до целосно лежечка положба погодна за спиење.

Држачот за нозе со опција за регулација по висина е обложен со квалитетна еко кожа која го олеснува одржувањето.

Сигурносниот појас во 5 точки на врзување ја обезбедува целата неопходна сигурност и безбедност за вашето бебе.

Сигурносниот појас е унапреден па сега имате опција за регулација на самиот појас по висина.

Спортското седиште е додатно обезбедено со сигурносна пречка која обезбедува подршка за бебето за време на возењето. Пречката може да се извади по потреба за полесен пристап на детето.

Врвната функционалност на MAGNUM количката за бебе е обезбедена и со квалитетни материјали кои поседуваат UV заштита.

 

СЕТОТ 2 ВО 1 ВКЛУЧУВА:

- Алуминиумски рам со тркала на воздушно пумпање
- Спортско седиште
- Корпа за бебе
- Шопинг торба на рамот од количката
- Торба за мајката
- Покривка за дожд
- Мрежа против инсекти
- Зимски прекривки за сите делови
 


ВРШИМЕ ДОСТАВА ДО ДОМА.
НАРАЧКИ НА ТЕЛ: 078/429/865, 072/221/896 и 043/361/442.

Напишете коментар

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да оставите коментар

Најново

-32%

Liberta седиште APOLO 9-36kg light blue

3.390 ден. 4.980 ден.

БАЊАРКА FAWN

1.290 ден.
-13%

Kinderkraft A-TOUR количка за бебе сет 3 во 1 black

19.980 ден. 22.900 ден.
-11%

Количка Coccolle Ravello 3 in 1 sand beige

11.980 ден. 13.500 ден.
-10%

DOLCE MONTESSORI Детско креветче 190x90cm

23.300 ден. 25.900 ден.

БЕБЕШКА ПОСТЕЛНИНА ELO

1.790 ден.

БАЊАРКА ELO

1.290 ден.

Kiderkraft количка - INDY2 dahila pink

8.690 ден.

ОРГАНСКО ЌЕБЕ ELO

1.490 ден.