Уживајте во времето поминато на отворено заедно со вашето дете со новиот Coccolle PRIMO трицикл.
Откако малечкото ќе почне да чекори, неговата желба за време поминато на отворено е незапирлива. Првиот трицикл освен што ќе го усреќи вашето дете, истовремено ќе претставува и одлична можност за учење со активен животен стил на отворено. Исто така, користењето на трицикл значително ќе ја подобри координацијата на детето и ќе го припреми за возење на две тркала.
Coccolle PRIMO трициклот е мултифункционален производ дизајниран за долго и континуирано користење за време на целиот период на развој на детето од 1 до 5 години. Опремен е со сите додатоци за долгорочна употреба: Рачката за туркање и држачот за нозе за периодот кога детето може да чекори само со помош на родителот, комфорно седиште со мека подлога и заштитен обрач за периодот кога детето може само да ги досегне педалите, конечно кога детето може самостојно да ги врти педалите се добива класичен трицикл. PRIMO е опремен и со механизам за делумно склопување со што ќе можете да го понесете со вас и кога патувате.
Мултифункционалниот PRIMO се прилагодува на потребите на модерното дете. Иако можеби во првата фаза детето ќе го користи трициклот како количка која ја турка родителот, со тек на растот и развојот ќе може да ги користи сите предности на овој производ: држач за нозете, меко и удобно седиште со опција за ротација, материјал со UV заштита, педала со облога која спречува лизгање, рачки обложени со мек материјал, кошница за играчки и држач за чаша или шише. Истовремено, тркалата кои се изработени од висококвалитетна EVA пења се лесни, трајни и отпорни на пробушување со што PRIMO ќе можете да го користете на секаков терен без грижи дека ќе дојде до оштетување или пробушена гума.
КАРАКТЕРИСТИКИ:
- Мултифункционален трицикл, прилагодлив со позиција за спиење
- Ротирачко седиште со опција за прилагодување на позицијата во должина на конструкцијата
- Предната рачка се спушта за компактно склопување на трициклот
- Опција за вадење на држачот за нозе
- Голема тенда со UV заштита
- Тркала изработени од висококвалитетна EVA пења која е отпорна на пробушување
- Опција за вадење на заштитниот обрач
- Телескопска рачка со опција за прилагодување на висината
- Опремен со кошница за играчки и држач за чаша или шише
- Препорачан за деца со возраст од 1 до 5 години
- Максимално оптеретување - 25 kg.
ВРШИМЕ ДОСТАВА ДО ДОМА.
НАРАЧКИ НА ТЕЛ: 078/429/865, 072/221/896 и 043/361/442.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Распродадено