Kinderkraft NINO носилката за бебе е најдобриот и најсигурниот начин да остарите контакт и блискост со вашето бебе. Практичен е и секогаш ќе ви бидат слободни рацете без разлика што го носете бебето.
Носилката е изработена потполно од материјал кој може да „дише“, а суровинскиот состав е 100% pamuk.
Kinderkraft NINO носилката за бебе обезбедува правилно поставување на нозете и грбот на бебето.
Појасите за носење кои може да се подесуваат го намалуваат притисокот на родителите кои го носат. Многу лесно можете да ја добиете позицијата која ќе ви одговара вам и на вашето бебе. Прилагодливиот појас за колковите со ширина од 10 cm гарантира удобност бидејќи е изработен од густа пења. Системот на еластично копче допринесува за скратување на долгите појаси.
За време на првите три месеца бебето сеуште не може самостално да ја држи главата. Благодарение на добро профилираните материјални слоеви од кои е изработен NINO кенгурот, главата на бебето нема можност од паѓање.
Додека бебето е сеуште мало, се поставува во носилката свртено спрема родителот. Кога бебето ќе може самостално да седи може да се постави и свртено со лицето нанапред.
Тежината на детето рамномерно се распределува со помош на меките подлоги. Мекото полнење на појасите гарантира оптимален притисок на колковите и рамењата. Пластичните компоненти се изолирани и нема да ви прават непријатност додека го носите бебето.
Носилката за бебе NINO е лесна, може да се превитка и поради малите димензии лесно да се складира.
Ширина на појасот: 10 cm
Димензии на носилката: 38x36 cm
Носилката ги исполнува Европските безбедносни стандарди во склад со CEN TR 16512: 2015
Предвидено за деца од 3 месеца до 20kg.
Вршиме достава до дома.
Нарачки на тел: 078/429/865, 072/221/896 и 043/361/442.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар