Најново
Kinderkraft подлога за играње - SEA LAND
  • Kinderkraft подлога за играње - SEA LAND
  • Kinderkraft подлога за играње - SEA LAND
  • Kinderkraft подлога за играње - SEA LAND
  • Kinderkraft подлога за играње - SEA LAND
  • Kinderkraft подлога за играње - SEA LAND
  • Kinderkraft подлога за играње - SEA LAND
  • Kinderkraft подлога за играње - SEA LAND
  • Kinderkraft подлога за играње - SEA LAND
  • Kinderkraft подлога за играње - SEA LAND
  • Kinderkraft подлога за играње - SEA LAND

Kinderkraft подлога за играње - SEA LAND

3.480 ден.
Производител: KINDERKRAFT
Шифра на производ: SEA LAND
Достапност: На залиха
Количина:

Kinderkraft подлога за играње Sea Land

Едукативна подлога

Информации:

Едукативна подлога и сув базен во едно
Наменето за деца од самото раѓање
Во сетот се вклучени играчки и 20 шарени топки
Достава
Бесплатна достава во рок од 2 до 3 работни дена.

Забавна и поучна

Едукативната подлога со топчиња SEA LAND ќе го поведе вашето дете во возбудлива подводна авантура. Подлогата има морски стил, а играчките ќе го поттикнат детето на итеракција уште во првите месеци од животот. Во подоцнежните месеци, подлогата може да се користи како сув базен – сетот вклучува 20 шарени топчиња кои ќе го израдуваат секое дете.


Едукативна подлога

SEA LAND во првите месеци од животот ќе му служи на вашето дете како класична едукативна подлога – играчките и интересниот дизајн ќе го поттикнат вашето дете да се превртува, да ја пружа раката и да допира предмети, што помага за развој на фината моторика.


Сув базен со топки

Страниците на подлогата можат да се подигнат и да се поврзат, со што SEA LAND ќе се претвори од едукативна подлога во сув базен. Вашето дете ќе може среќно да седи внатре, додека се забавува со шарените топчиња кои се вклучени во сетот.


Меко и удобно

Подлогата е одлична изолација од подот бидејќи е дебела. Може да се постави дури и на ладни плочки. Таа е мека, па вашето дете со сигурност ќе се забавува додека се игра на неа. 


Стимулирање на имагинацијата

Подлогата е изработена во морски стил, а подводните животни со сигурност ќе го заинтересираат вашето дете и ќе ја поттикнат неговата фантазија. SEA LAND може да биде одличен вовед во учењето на детето за животот во океанот. 


Поддршка на развојот

SEA LAND го стимулира развојот на децата. Играчките од сетот лесно можат да се спојат и да се постават на обрачите со што детето ќе може да го вежба својот вид уште од првите денови од животот. Играчките го стимулираат бебето да ги протега рацете, а мекото перниче кое исто така е дел од сетот поттикнува детето да легнува на стомак и да научи да се ротира.


Со вклучени додатоци – играчки и топчиња

Комплетот ги содржи следните елементи: 20 шарени топчиња (наменети за сувиот базен), меко перниче за учење на лежењето на стомак, 6 подводни играчки: ѕвонче, глодалка, плишан октопод, плишана риба со глодалка и ѕвонче, огледалце октопод со шушкави нозе, шушкава книга. 


Безбедни и издржливи материјали

Мек полиестер
За подлогата е употребен модерен и мек полиестер од кој се изработени основата на подлогата и играчките.


Кinderkraft SEA LAND

Пластика која е безбедна за вашето дете.
Топчињата кои се вклучени во сетот се изработени од мека пластика, и се безбедни за децата.


Спецификација – декларација

Бренд: Kinderkraft
Модел: SEA LAND
Висина од подот до обрачите: 56 cm
Димензија на подлогата со преклопени страни: 70 x 80  cm
Димензија на подлогата со расклопени страни: 103 x 95 cm
Тежина на производот: 1,1 kg
Димензии и тежина на на пакувањето: 57,5 x 50,5 x 9 cm / 1,6 kg
Земја на потекло: Кина


ВРШИМЕ ДОСТАВА ДО ДОМА.
НАРАЧКИ НА ТЕЛ: 078/429/865, 072/221/896 и 043/361/442.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Liberta Bebe Centar © 2021. UKION SHOPS
KINDERKRAFT Kinderkraft подлога за играње - SEA LAND Kinderkraft подлога за играње Sea Land Едукативна подлога Информации: Едукативна подлога и сув базен во едно Наменето за деца од самото раѓање Во сетот се вклучени играчки и 20 шарени топки Достава Бесплатна достава во рок од 2 до 3 работни дена. Забавна и поучна Едукативната подлога со топчиња SEA LAND ќе го поведе вашето дете во возбудлива подводна авантура. Подлогата има .. Category: Product #: SEA LAND Regular price: 3.480 ден. 3.480 Available from: Либерта