Потребна ви е помош?
+389 (0)78 429 865

Kinderkraft трицикл SPINSTEP (5 in 1) grey

10.980 ден.
  • Производител: KINDERKRAFT
  • Шифра:SPINSTEP
  • Достапност:На залиха


или од 6 до 36 рати со   за нарачки над 1000 ден.


Уживајте во времето поминато на отворено заедно со вашето дете и откријте ги предностите кои ги нуди Kinderkraft SPINSTEP!
SPINSTEP расте заедно со вашето дете, а благодарение на модуларната конструкција демонтирањето на елементите е едноставно и брзо.
Оваа опција ќе ви овозможи да го прилагодите трициклот според возраста на детето и тоа без употреба на алат. Освен тоа, благодарение на широката, водоотпорна тенда, сонцето и дождот нема да претставуваат препрека за возењето.

Kinderkraft SPINSTEP детскиот трицикл може да се користи на дури 5 начини:

- алтернатива за детска количка (седиштето свртено во спротивен правец)
- трицикл за помали деца (седиштето свртено во правецот на движење)
- трицикл за деца со возраст од 18 до 24 месеци (со демонтирање на кровот)
- верзија со безбедносниот браник и сигурносните појаси
- самостален трицикл за деца кои се спремни за следно ниво на возење
 

Физичката активност е многу важна за здравјето и развојот на детето. Возењето на трициклот и поминување време на отворено му помагаат на детето да развива здрави навики.
Со Kinderkraft SPINSTEP вашето дете ќе ужива!
Издржливите тркала се идеални за градска или шумска прошетка. Имаат цврст контакт со површината на земјата и отпорни се на пробушување.
Задните тркала поседуваат заоблени лежишта кои што додатно ја зголемуваат удобноста за време на возењето. Kinderkraft SPINSTEP трициклот поседува и функција на слободно тркало - додека детето е сеуште малечко може да врти на педалата без да влијае на движењето на трициклот. Родителот ја контролира брзината и правецот на движење.
Kinderkraft SPINSTEP поседува седиште кое може да ротира 360 степени - во правецот на движење или спротивно.
Благодарение на широката тенда изработена од водоотпорен материјал, сонцето или дождот нема да го спречат детето да ужива во возењето, исто како и во количка!
Удобното седиште со висок грбен наслон обезбедува подршка на грбот за време на возењето.
Сигурносниот појас во 3 точки на врзување ја обезбедува неопходната безбедност и сигурност. Заштитната пречка може да се извади кога детето ќе биде спремно самото да вози.

Агресивното педалирање може да биде напорно за нозете и затоа Kinderkraft SPINSTEP е опремен со удобен држач за нозе.
Рачката за туркање може да се прилагодува по висина на три нивоа. Обложена е со мека пена која е пријатна на допир.
Се што треба да направите е да ја прилагодите посакуваната висина и авантурата може да започне!

Издржливата челична конструкција е со опција за прилагодување на растојанието помеѓу седиштето и педалата. Дури и кога вашето дете ќе порасне, трициклот едноставно се прилагодува на негоавата висина.
Трициклот SPINSTEP е во комплет со практични додатоци како што се торба на рачката за управување и две корпи за предметите на вашето дете. Исто така трициклот може да се склопи што значи дека ќе можете да го понесете со вас и на одмор.


СИГУРНОСТ

- Функцијата на слободно тркало му овозможува на детето да педалира без да влијае на движењето на трициклот. 
- Kinderkraft SPINSTEP поседува сигурносен појас во 3 точкни на врзување со меки облоги.
- Меката заштита пречка која може да се извади по потреба овозможува лесно да го ставите и извадите детето од трициклот.
- Рачките се обложени со гума која спречува лизгање на рацете.
- Широката тенда, може да се прилагодува и е водоотпорна. Штити од сонце, ветар и дожд.
- Задните тркала поседуваат кочница која е лесна за употреба.


ПРАКТИЧНОСТ

- Држачот за нозе овозможува одмор за нозете на детето. Истовремено обезбедува подршка на помалите деца кои сеуште неможат да ги достигнат педалите.
- Kinderkraft SPINSTEP трициклот едноставно се склопува и можете да го понесете со вас и на одмор.
- Лесен е за одржување.
- Рачката за управување е обложена со мека пена која е пријатна на допир. Освен тоа, се прилагодува по висина на три нивоа.
- Додатната опрема го олеснува возењето. Двете корпи за предмети се одлично решение за складирање на сите ситници кои сакате да ги понесете со вас. Исто така вклучена е и торба која се прикачува на рачката за управување.


ФУНКЦИОНАЛНОСТ

- Седиштето ротира 360 степени.
- Опција за демонтирање на елементите без употреба на алат.
- Трициклот е наменет за деца од 9 месеци до 5 години.
- Тендата, заштитниот обрач, сигурносниот појас и рачката за туркање може да се демонтираат.
- Опција за прилагодување на растојанието помеѓу седиштето и педалите.
- Изрджливи тркала кои се погодни за секаков терен.

- Тежина на трициклот: 10 kg.

начин на монтирање:



Вршиме достава до дома.
Нарачки на тел: 078/429/865, 072/221/896 и 043/361/442.

Напишете коментар

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да оставите коментар

Слични производи

Најново

-13%

Kinderkraft трицикл EASY TWIST (5 in 1) black

12.980 ден. 15.000 ден.

Изотерм ранец Qplay Kindy Elephant

1.490 ден.
-17%

Автомобил на акумулатор - UTV-2 SEAT red

11.980 ден. 14.490 ден.

ВРЕЌИЧКА ЗА СПИЕЊЕ FAWN 6-18M

1.790 ден.
-27%

Coccolle седиште NOVA 0-36kg moonlit grey

7.980 ден. 11.000 ден.
-16%

Coccolle количка - ALLA mistletoe

4.980 ден. 5.900 ден.
-13%

Kinderkraft A-TOUR количка за бебе сет 3 во 1 grey

19.980 ден. 22.900 ден.

Kinderkraft количка - TIK green forest

4.980 ден.

Изотерм ранец Qplay Kindy Girafe

1.490 ден.