Потребна ви е помош?
+389 (0)78 429 865

Количка Coccolle Ravello 3 in 1 beige

12.900 ден.
15.000 ден.
  • Шифра:RAVELLO
  • Достапност:На залиха

Животот со новороденче може да стане хаотичен кога просторот е ограничен. Coccolle Ravello 3 in 1 количката за деца со модуларен систем е дизајнирана за да ги задоволи сите потреби на родителите кои што бараат лесна за употреба и исклучително компактна количка за новороденче. Количката се состои од лесна алуминиумска конструкција, трансформирачки елемент кој што може да послужи како корпа за новороденче или спортско седиште за поголемо дете и транспортер кој што може да се монтира директно на конструкцијата или самостално во автомобилот.

- Coccolle Ravello е единствен модел на пазарот кој истовремено претставува модуларен систем 3 во 1 и има опција за компактно склопување со монтирано седиште со што се добиваат мали димензии и можете да ја складирате количката на било кое место. Исто така заштедувате бидејќи нема да имате потреба за купување на помал модел на количка за кратки патувања или прошетки.

Лесната рамка на количката е изработена од алуминиум, безбеден и цврст материјал кој што трае долго време и обезбедува лесна употреба. Тежината не надминува 6kg. Максималната тежина на оптоварување е 15 kg. Склопувањето може да се направи и додека седиштето е прицврстено на рамката. Димензиите на склопената количка се исклучително мали со што е лесно да се складира во домот или во автомобил. Рачката и пречката од седиштето се обложени со еколошка кожа, елемент кој не само што обезбедува комфорт, но и дава специјален изглед на Ravello количката.

Елементот кој што се трансфоримра може да се користи од самото раѓање на детето. Опремен е со удобна подлога што ја покрива целата површина на корпата. Може да се монтира во двата правци на движење. Со растењето на детето корпата за бебе се трансформира во спортско седиште. Во овој случај седиштето посеудва опција за регулирање на наслонот во 3 позиции вклучително и целосно лежечка. Кога детето ќе наполни 6 месеци или откако ќе може да седи самостално, употребата на сигурносниот појас е задолжителна. 
Во комплетот е вклучена и предна прекривка која штити од студ или ветар. Материјалите се со UV заштита со што се обезбедува комфорт дури и во лето.

Coccolle Ravello е опремена со големи тркала кои што се иполнети со специјален гел - нова технологија која што ги штити тркалата од пробушување или деформирање без разлика на каков терен се вози. Исто така, предните и задните тркала се опремени со систем за амортизација со што се ублажуваат вибрациите при возењето. Пространата шопинг торба обезбедува доволно простор за сите неопходни предмети.

Транспортерот е дизајниран за користење од самото раѓање на детето до 13 kg. Може да се монтира на самата конструкција од количката со помош на специјални адаптери кои што се вклучени во комплетот. Исто така може да се монтира и во автомобило со помош на сигурносните појаси. Инструкциите за монтажа се наоѓаат на самиот транспортер.


Карактеристики:

- Лесна алуминиумска рамка
- Лесно и компактно склопување (со монтирано седиште на рамката)
- Пространа корпа со мека подлога за новороденче
- Лесна трансформација од корпа во спортско седиште
- Регулација на наслонот во 3 позиции (вклучително и целосно лежечка)
- UV заштита
- Големи тракала, соодветни за секаков терен, опремени со систем за амортизација
- Пространа шопинг торба
- Држач за чаша е вклучен во комплетот
- Прекривки за седиштето и транспортерот
- Транспортерот може да се користи монтиран на количката или во автомобил (до 13 kg.)


ВРШИМЕ ДОСТАВА ДО ДОМА.
НАРАЧКИ НА ТЕЛ: 078/429/865, 072/221/896 и 043/361/442.

Напишете коментар

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да оставите коментар

Слични производи

Најново